Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ бидејќи не настапува на мастерс турнирите во Северна Америка пред почетокот на Ју-Ес Опен има малку повеќе слободно време.
Тој реши да замине во Љубљана за да го гледа пријателскиот натпревар помеѓу кошаркарските репрезентации на Словенија и неговата Србија. Тој е во првиот ред во арената „Стожице“ за да ги гледа моментално најголемите кошаркарски ѕвезди во светот Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.