Во драматично финале, Хрватска во Сплит го совлада бранителот на титулата Унгарија со 10-9 и по вторпат го освои европското злато.
Хрватските ватерполисти не го криеја воодушевувањето од златнинот медал .
„Јас не сум херој, херои се сите мои соиграчи, како и оваа прекрасна публика која не поддржуваше не само вечерва, туку и од почетокот на турнирот. Со години сум во ватерполото, но навистина не сум го доживеал ова и би ми било жал ако ја завршаевм кариерата без да почувствувам вакво нешто. Беше тешко финале, една топка и нијансите одлучуваа, физички и психички бевме совршено подготвени и затоа сме шампиони“, изјави Марко Бијач, кој беше прогласен и за најдобар голман на првенството.
„Златото е околу вратот, се друго е неважно.
Константин Харков беше најдобар стрелец во финалето за Хрватска со три гола.
„Благодарам на тимот за борбата , победивме многу тесно. Не можам ни да се радувам колку сум уморен. Никогаш не сум играл во нешто блиску до ваква атмосфера“.
„Ова е само мое второ големо натпреварување и секако дека сум горд. Ова е победа за тимот и енергијата што ја создадоа околу себе кога играа. Тоа е поважно од тактиката или што било друго. Го контролиравме текот на играта и овие играчи го покажаа тоа, затоа што не можеш ниту да предвидиш индивидуални грешки, ниту индивидуална генијалност“, изјави помошниот тренер Јере Мареља.
Капитенот Иван Крапиќ се бореше како лав во текот на целиот натпревар и изнуди голем број на исклучувања.
„Да бидам европски шампион на домашен терен во ваква средина и по ваков натпревар е нешто фантастично. Многумина не веруваа во нас, но овој тим е достоен и способен за големи работи. Против Унгарците секогаш е непријатно, играат нетипично ватерполо, но со ваква одбрана го имаме и луксузот да пропуштиме нешто во нападот. Најмногу ме радува тоа што го добивме натпреварот во последната четвртина од последниот натпревар на турнирот, кога сите се уморни, а натпреварот го завршивме со две контри. Беше прекрасно да се биде хрватски репрезентативец овие 14 дена во Сплит“, изјави Крапиќ.
„Благодарам на публиката и на моите соиграчи што ми подарија прекрасен спомен кој ќе го паметам до крајот на мојот живот. Да се биде шампион во својот град е нешто незамисливо“, изјави Рино Буриќ од Сплит.