Новак Ѓоковиќ загуби од Данил Медведев во големото финале на УС Опен и остана без историскиот подвиг да ги освои четирите Грен слем титули во една сезона.
Српскиот тенисер немаше решение за расположениот противник. Во секој од трите сета Русинот беше за нијанса подобар и заслужено се израдува на својот прв голем трофеј во кариерата.
Моментот кога Ѓоковиќ заплака додека седеше на своето столче го обиколи светот. Првпат големиот шампион покажа вакви емоции, во моменти кога играше за тениска бесмртност и кога добиваше неизмерна поддршка од трибините.