Веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга под водство на тренерот Марјан Влаќески од 27-29.08.2022 год. учествуваше на меѓународната веслачка регата Суботица Опен 2022 , при што постигна доста добри резултати и освои две сребрени медали .
-Елена Столеска во дисциплината скиф јуниорки го освои второто место
-Ана Прентоска го освои второто место во дисциплината скиф до 15 години , а Евгенија Грданоска во истата дисциплина заврши на четвртото место
-Климентина Стојмиловска во дисциплината скиф за млади јуниорки го освои осмото место
-Леон Шутиноски и Александар Хиохи во дисциплината дубл скул до 15 години го освоија петтото место
-Кристијан Китаноски во дисциплината скиф млади јуниори го освои деветтото место
-Вања Кукунеш во дисциплината скиф до 15 години го освои осмото место .
Ова воедно беше и последен тест за струшките веслачи и селекторот Марјан Влаќески пред Балканскиот шампионат кој оваа година ќе се одржи во Вишеград , БИХ (09-11.09.2022 г.) , а минатата година за првпат во историјата успешен домаќин беше Струга и Македонија .