Српскиот тенисер Миомир Кечмановиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен.
Подобар од него беше искусниот Французин Гаел Монфис, по повеќе од два и пол часа борба, со резултат 7:5, 7:6 (4), 6:3.
Монфис продолжи со одличните игри во Мелбурн, до сега нема загубено ниту еден сет, а во Австралија успеа да го израмни најдобриот резултат во кариерата, пласирајќи се меѓу осумте најдобри.
Монфис напаѓаше во речиси секој поен, па поради тоа имаше значително поголем број на винери (54-30), но и неизнудени грешки (48-30).
Во текот на третиот сет Кецмановиќ делуваше доста уморно и се чини дека ги пропушти шансите за подобар резултат на овој меч во вториот сет.
Од воведните моменти двајца играчи најавија напаѓачки, атомски тенис, со многу винери, но додуша и многу грешки.
Тенисерите ги пропуштија своите шанси во 10. односно 11. гем. Прво три брејк имаше Монфис, а потоа и Кецмановиќ.
А, кога се чинеше дека се ќе биде решено во тај-брејкот, Кецмановиќ погреши и му дозволи на Монфис нов брејк, односно сет топка, која овојпат ја искористи со квалитетен бекхенд.
Кецмановиќ не падна психички, ниту беше индициран што го загуби сетот, а тоа го покажа на стартот од вториот сет, кога најпрвин спаси брејк топка, а потоа му го одзеде сервисот на ривалот.
Таа предност не траеше долго, Монфис стигна до брејк и три врзани гема. Се чинеше дека епилогот ќе биде ист како во првиот сет, сепак, Кецмановиќ спречи 12. гем повторно да биде кобен за него.
Во тај-брејкот се виде таков тенис како во поголемиот дел од мечот Монфис играше агресивно, погодуваше и грешеше, но повеќе ова првото и од 2:4 со серија поени стигна до 7:4 и удвојување на водството во сетови.
Кецмановиќ имаше можност да стигне до брејк на стартот од третиот сет, исто како и во вториот, но Монфис одолеа со успешни напади.
Во средината на овој период Французинот делуваше исцрпено, но некако наоѓаше сили за проектили со форхенд, најчесто, што му донесе клучен брејк во седмиот гем.
Монфис успеа да направи уште еден брејк до крајот и да се пласира во четвртфиналето каде ќе игра со подобриот од дуелот Матео Беретини – Пабло Карењо Буста.