Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го стартуваше Мастерсот во Париз. Тој во второто коло го елиминираше Унгарецот Мартон Фуксович со резултат 6:2, 4:6, 6:3 по два часа игра.
Ова беше прв меч за српскиот ас по повеќе од месец и половина и поразот од Данил Медведев во финалето на УС Опен.
Ѓоковиќ не можеше подобро да го започне својот прв сингл меч по месец и половина.
Релативно лесно го освои првиот гем, направи брејк уште во вториот гем , а потоа релативно лесно двајцата играчи ги задржуваа своите сервиси се до осмиот гем кога Фуксович повторно го загуби својот сервис за крај на овој дел од играта по 37 минута и 6:2 .
Новак беше блиску до повторување на сценариото од првиот на стартот од вториот сет, но Фуксович преживеа и ја спаси брејк топката.
Казната за српскиот тенисер стигна веднаш во следниот гем, во кој неконтролирано ја исфрли топката во аут на брејк топка со форхенд удар.
Од тој момент Фуксович го подигна нивото на играта, му се врати самодовербата и лесно ја задржа предноста од брејк и стигна до израмнување во сетовите.
Фуксович го одржуваше тоа ниво на игра на стартот од решавачкиот сет, но потоа Новак доби енергија и играше се подобро, направи брејк без загубен поен во четвртиот гем.
Не траеше долго, бидејќи Фуксовиќч набрзо најде ритам и возврати со иста мера.
Брејк фестивалот продолжи и во следниот гем, во кој Новак ја искористи четвртата брејк топка, во која раката на ривалот се стегна, посебно лошо функционираше неговиот бекхенд.
Првата меч топка ја имаше во осмиот гем, не ја искористи, но затоа ја искористи онаа во деветтиот, што доведе до победа .