Рускиот тенисер Данил Медведев „полуде“ во паузата меѓу сетови на мечот со Стефанос Циципас.
Тој е лут на судијата што го толерираше таткото на Стефанос Циципас, Апостолос за нивната комуникација.
Медведев употреби и пцовки во обраќањето до арбитерот, прашувајќи го зошто тој добил опомена, а не Циципас.
https://twitter.com/tyson_whelan/status/1487005427141607425?s=20&t=g_H98R1CNWXwj07hpX94tA
Русинот инсистираше кај судијата да го опомени Циципас, кој во неколку наврати го смируваше, ја вртеше главата, а потоа доби остар коментар.
„Гледај ме кога ти зборуувам“, му рече Медведев, а потоа дури и го нарече „пи***“, користејќи го терминот „мала мачка“.
„Татко му зборува секој поен? Дали си глуп? О Боже. Ти си лош човек. Како можеш да бидеш толку лош во полуфиналето на Грен слем?“ беа само дел од прашањата што ги постави Медведев.
https://twitter.com/TennisPodcast/status/1487005010022088707?s=20&t=Fw-6ltQhB6x-aRd288Sukg