Иван Додиг стигна до шестата Грен слем титула во кариерата. Тој во финалето на конкуренцијата во мешани двојки на Австралија опен славеше со Кристина Младеновиќ против Џејми Фурлис и Џејсон Кублер од Австралија .
Откако минатата година во Мелбурн славеше во машки дубл со Словакот Филип Полашек, Иван Додиг овој пат славеше во мешани двојки со Кристина Младеновиќ.
Ова е четврта титула за Додиг во мешани двојки на Грен слем турнирите, а првите три ги освои со Латиша Чан со која победи двапати на Ролан Гарос и еднаш на Вимблдон.
Тој првпат играше со Кристина Младеновиќ и веднаш го освои турнирот, а за Младеновиќ ова е трета титула во мешани двојки, првите две ги освои со Канаѓанецот Даниел Нестор.
Против австралиската двојка, на Младеновиќ и Додиг им беа потребни час и 15 минути за победа, користејќи ги сите четири брејк можности кои ги имаа.
Во првиот сет прв брејк направи австралиската комбинација, но Младеновиќ и Додиг успеаја да направат пресврт и да го преземат сетот со 6:3.
Во вториот сет, решавачкиот брејк дојде на 3:3 кога Младеновиќ и Додиг дојдоа до предност што не ја загубија до крајот на мечот.
Австралија опен, мешани двојки, финале:
Кристина Младеновиќ / Иван Додиг (Франција / Хрватска, 5) – Хаиме Фурлис / Џејсон Кублер (Австралија / Австралија) 6: 3, 6: 4