Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го заврши учеството на УС Опен на влезот во втората недела. Надал беше поразен во осминафиналето од Американецот Френсис Тиафо со 3-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4, 6-3), по три часа и 30 минути игра. Шпанецот така остана без шанси повторно да биде прв на АТП листата, но и да ја освои 23. Грен слем титула.
Овој неверојатен меч неочекувано му припадна на локалниот тенисер. Клучниот момент во првиот сет се случи во седмиот гем, кога Тиафо направи брејк и потоа мирно го приведува сетот до крај. Надал потоа направи долга пауза за да оди во тоалет, но не беше предупреден. Тоа малку го вознемири Тиафо, па Надал го доби вториот сет и израмни. Сепак, Американецот не попушти. Играше како да е во транс, погоди неколку неверојатни удари и дојде на сет до победа.
Рафа подобро го отвори четвртиот сет, поведе со 3-1 и се чинеше дека дуелот ќе замине во решавачкиот дел – петтиот сет. Но, следеше голем пад во неговата игра, па Тиафо врза пет гема по ред за најголема своја победа во кариерата.
Негов ривал во четвртфиналето ќе биде Русинот Андреј Рубљев.