Витали Кличко, легендарниот боксерски шампион кој осум години е градоначалник на Киев, пред неколку дена даде интервју за Sky News, но она што го кажа во него одекна со задоцнување. „За нас безбедноста на нашите луѓе е приоритет. Сепак, подеднакво ни е важно да се обидеме да ги фатиме напаѓачите. Демнеат многу снајперисти и никој не треба да излегува надвор.
Прашањето беше дали овие непријатели се пронајдени, на што Кличко одговори: „Синоќа убивме луѓе, веројатно шест. Не се грижам за силата на руската армија, ние сме подготвени да се бориме. Ние ги браниме нашите семејства, градот, земјата и иднината“.
Изјавата погледнете ја на видеото: