Барти ја отвори сезоната со 11 победи по ред и ниту еден пораз, а со соопштение ја извести јавноста дека не е подготвена за нови турнири.
„Моето тело не е подготвено. Не успеав да се рехабилитирам на вистински начин и затоа нема да настапам на Индијан Велс и Мајами. Не сум на нивото на кое треба да бидам за да се борам за врвен резултат. Ги сакам овие турнири, но важно ми е да го зачувам своето тело“, вели тенисерката.