Петра Марчинко (16) од Загреб е новата голема надеж на хрватскиот и светскиот тенис! Со освојувањето на јуниорскиот Австралија Опен, таа само ги потврди фантастичните резултати од 2021 година, најавувајќи патување до самиот врв на светскиот тенис. Но, Петра е свесна дека најголемите предизвици допрва доаѓаат
Петра Марчинко (16) ќе ја памети изминатата 2021 година, во која всушност го започна своето искачување на самиот врв на листата на најдобри јуниорки во светот.
Загрепската тенисерка најпрвин на Челинџер во Загреб ја победи искусната Јапонка Куруми Нару, потоа во мај играше во полуфиналето на ИТФ турнирот во Шибеник, во септември стигна до четвртфиналето на јуниорскиот УС Опен, во ноември освои двојна круна во Кејп Таун, а потоа ја освои двојната круна во декември минатата година и на познатиот Orange Bowl.
Врвот беше во Мелбурн, освојувањето на јуниорскиот Австралија опен само го потврди нејзиниот статус како најдобра јуниорка на светот! Каква фантастична серија!
„Морам да признаам дека не очекував толку добар резултат. Главната работа за мене беше да покажам дека знам да играм. И тогаш го постигнав мојот најголем успех , се уште не ми се верува дека освоив двојна круна. И дури после тоа дојде првото место на листата, навистина убаво чувство“, рече Петра Марчинко по освојувањето на двојната титула на Orange Bowl во средината на декември.
Петра тогаш стана првата тенисерка во историјата на Orange Bowl која истата година освоила двојна круна – сингл и двојки!
Значајно е тоа што Петра Марчинко е родена на 4 декември 2005 година, денот кога Хрватскиот Дејвис куп тим во Братислава, предводен од Иван Љубичиќ и Марија Анчиќ, го освои првиот Дејвис куп. Тринаесет години подоцна, во 2018 година, повторно на денот кога Хрватска по вторпат ќе го освои Дејвис купот, Петра Марчинко го освои својот прв турнир!
„Да, случајности кои ме водат низ тенисот како некои знаци“, вели скромната Петра и открива како започна се:
„Почнав да играм тенис на шестгодишна возраст. Тато ме однесе на тренинг. Тоа беше првиот спорт што го пробав и не пробав ништо друго. За околу пет години сакам да бидам на врвот на ВТА турнејата. Сакам да освојам Грен слем, тоа е еден вид цел. Мислам дека тоа е најмногу што можете да направите во тенисот…“
Се чини дека само небото е граница за оваа девојка чиј спортски идол е Дражен Петровиќ!
„Навистина ги ценам сите тенисери и сакам да гледам тенис, но мојот спортски пример доаѓа од друг спорт, кошарката. Тоа е Дражен Петровиќ.Ја добив неговата книга на подарок и бев воодушевен од неговиот пристап кон спортот, неговата љубов кон спортот и одлучноста и посветеноста што го доведоа до целта“, откри победничката на Австралија опен и најдобрата јуниорка во светот.
„Ова беше навистина тежок натпревар. Играњето во Род Лејвер Арена беше одлично искуство. Бев малку нервозна на почетокот бидејќи ова е навистина голем стадион, а ова беше и мое прво Грен слем финале“, изјави пресреќната Петра Марчинко веднаш по победата во финалето на Австралија опен и додаде:
„За мене е голема работа да го имам овој трофеј, да освојам Грен слем… Сега се чувствувам одлично и самоуверено. Навистина сум возбудена бидејќи ме интересира како ќе изгледам на професионален план, каде ќе играм оваа година, но и да видам како ќе се справам на посилните ИТФ турнири, а можеби и на некој ВТА“.
Впрочем, кога ќе се врати во Загреб, следува нејзината омилена награда
„Палачинките на мама. Традиција е кога ќе освојам бекој турнир“, откри Петра Марчинко со забелешка:
„Тие мора да бидат со чоколадо!
Сепак, не е се така бајно, бидејќи Петра веќе има голем ’проблем’, премногу пехари за досега освоените турнири …
„Ги чувам на полиците над креветот, но веќе има проблеми. Веќе не се сите на полиците, половина од нив се веќе на подот, ги има насекаде“, се пожали таа низ насмевка.
Сигурни е дека ќе има уште многу вакви ”проблеми” и многу трофеи .