Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше победа во финалето на турнирот во Умаг, Хрватска против Карлос Алкараз со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-1 и 6-1.
Битката меѓу едни од најталентираните тенисери почна израмнето, па првиот сет беше решен дури во тај-брејкот, каде што Шпанецот го искористи лошиот сервис на Синер.
Италијанецот потоа влезе во неверојатна серија и со три брејка го доби вториот сет со 6-1, а идентично беше и во третиот сет, каде што повторно славеше со 6-1.