Светскиот рекет број еден Ига Свjатек е далеку пред конкуренцијата и продолжува да победува. Таа стигна до полуфиналето на Ролан Гарос со победата против Џесика Пегула ..
Откако Ешли Барти се пензионираше, Ига Свијатек го презеде статусот на најдобра тенисерка во светот и тоа од ден на ден само го потврдува.
Во Париз успешно го заврши и четвртфиналето каде ја победи Џесика Пегула и ја елиминира во два сета. На Свјатек и беа потребни час и половина за да победи, таа испушти само пет гема и ниту еднаш не беше доведена нејзината победа во прашање.
Пегула имаше само две брејк топки во целиот меч, а реализираше само една додека пет пати го загуби својот сервис.
Во полуфиналето ја чека Русинката Дарија Касаткина која игра одлично во Париз и нема ниту еден изгубен сет.
Касаткина беше подобра од Вероника Кудерметова во руското полуфинале со 6:4, 7:6 и сега ја чека нова тешка задача. Таа досега четири пати играше против Свјатек, победувајќи во Истбурн минатата година, но ги загуби сите три меча оваа година без да освои сет.
Ролан Гарос, четвртфинале:
Ига Свјатек (Полска, 1) – Џесика Пегула (САД, 11) 6: 3, 6: 2
Дарија Касаткина (-, 20) – Вероника Кудерметова (-, 29) 6: 4, 7: 6 (5)