Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Стефанос Циципас со 7:6 (5), 4:6, 6:4, 6:1 и се пласираше во финалето на Австралија Опен.
Тој во финалето ќе се сретне со Рафаел Надал, кој претходно, исто така, по четири сета беше подобар од Матео Беретини.
Тоа ќе биде четврти меч за Медведев за грен слем титула, а евентуален триумф би му го донел првото место на АТП листата.
Против Циципас беше посигурен во поголемиот дел од мечот, имаше криза на крајот од вториот и почетокот на третиот сет, но ја надмина, и успеа да стигне до седмата победа во меѓусебните дуели.
Двајцата играчи на свој сервис воопшто не му дадоа можност на ривалот да ги загрози. Тие рутински ги решаваа своите сервис гемови, до осмиот гем.
Тогаш прв се закани Медведев, имаше дури четири брејк топки, но Циципас се извлече. Инаку, Гркот стигна до првиот поен на сервис на ривалот во 11 гем.
Првиот дел од играта требаше да се реши по тај-брејкот. Циципас поведе со 4:1, но Медведев направи пресврт со серија од 6:1 и по 47 минути игра поведе на овој дуел.
Циципас не падна после овој епилог, па веќе на стартот од вториот сет ја искористи брејк топката и на тој начин му одговори на големиот ривал.
Следеа мирни гемови, за Русинот да се врати во вториот сет во шестиот гем со рибрејк.
Сепак, неговата добра игра не траеше долго. Во деветтиот гем му дозволи на Циципас со грешки, особено двојни сервис грепшки да му го одземе сервисот, а малку подоцна го израмни резултатот во сетови.
Помеѓу вториот и третиот период Медведев енергично реагираше кон судијата, поради тренерот на таткото на Стефанос, Апостолос, кој не беше санкциониран од судијата.
Медведев имаше проблеми во воведниот гем од третиот сет, спаси две брејк топки, а потоа успеа да се смири.
Во поголемиот дел од овој период беше мирно, така што Русинот направи клучен брејк во 10. гем, кога ја искористи втората брејк анса, односно сет топката.
На стартот од четвртиот сет Циципас форсираше излегување на мрежа , почесто правеше грешки од основната линија, што Медведев го искористи во четвртиот гем и направи брејк.
До крајот на мечот направи уште еден брејк и на крајот го елиминира Циципас.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/1487023038608678913?s=20