Бондиоли го нападна македонскиот тенисер и изврши притисок уште на стартот, но сепак Ивановски успешно одбрани една брејк-шанса (2-1), по што му го одзема сервисот на ривалот за 4-2. Италијанецот влезе во серија од грешки по брејкот и не можеше да се соземе, па македонскиот тенисер стигна до 6-3.
Почетокот на вториот сет беше идентичен на првиот со тоа што Бондиоли не искористи три-брејк топки, а потоа стигна казната во петтиот гем кога Ивановски направи брејк за 3-2 и до крајот го зачува водството за да слави со 6-4.
Ивановски во четвртфинале ќе игра против Алан Фернандо Рубио Фиерос, кој направи изненадување и го елиминира првиот носител на турнирот Адриа Сориено Барера во претходното коло во Мадрид.