Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, по освојувањето на победничкиот трофеј на Ју-Ес опен, за 24. гренслем-титула во кариерата, му оддаде почит на починатата легенда на Л.А. Лејкерс и негов голем пријател, Коби Брајант.

Тој по триумфот над Данил Медведев облече дрес со бројот 24 и порача:

„Мамба, засекогаш“.

Брајант го носеше бројот 24 во Лејкерс, а загина во хеликоптерска несреќа. Ваквата реакција на Србинот брзо стигна и до вдовицата на кошаркарот, Ванеса Брајант, која веднаш му се заблагодари на Ѓоковиќ.

„Честитки Новак, тоа е тој мамба менталитетот. Вистинските го препознаваат вистинското“, напиша вдовицата на Брајант.

Од друга страна, популарниот Ноле откри како се родила идејата за маица со ликот на Брајант.
„Никому некажав до пред неколку дена, побарав од луѓето од тимот да го направат. Коби зборуваше за менталитетот, за враќањето по повредата и неговата смрт многу ме погоди. Го носеше бројот 24 кога ја заврши кариерата, мислев дека ова е убав момент за паметење“, објасни Ѓоковиќ.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1701020844452155398?s=20