Фудбалската селекција на Србија на погонот на Александар Митровиќ забележа нова победа во квалификациите за следното Европско првенство. Новата ѕвезда во саудискиот шампионат во вистински момент блесна со три гола и по пауза од две кола на својата селекција ѝ донесе значајна победа во групата Г (1-3).

Александар Митровиќ имаше свое голгетерско шоу и постигна хет – трик. Литванците постигнаа почесен погодок преку Палаускас за конечни 1-3.

Албанија на домашен терен ја победи Полска со 2-0 и се наметна како сериозен кандидат за пласман на ЕВРО 2024.

Поранешниот играч на Вардар, Јасир Асани со брилијантен гол донесе прва радост за Албанците во Тирана, а Даку во вториот дел во 62 мин. ги постави конечните 2-0.

Голот на Асани против Полска:

 

 

Холанѓаните со пресврт славеа на гости кај Република Ирска со 1-2, а Грција лесно го победи Гибралтар со 5-0. Словенците со 0-4 го победија Сан Марино.