Вилијамс е вистински хит на Европското првенство и воодушеви со неговите настапи, а со тоа привлече и голем интерес од европските гиганти.
Талентираниот фудбалер потпиша договор со Атлетик Билбао до 2027 година, но има откупна клаузула од 46,5 милиони евра колку што е подготвен да исплати Лапорта.
Барселона имаше сериозни финансиски проблеми во изминатиот период, па поради тоа новинарите го прашаа Лапорта колку е подготвен на ваков потег.
„Ми се допаѓа Нико. Можам да кажам дека имаме пари да го купиме. Тоа е резултат на одличното работење во изминатиот период“, кажа Лапорта.
Шпанскиот фудбалер минатата сезона постигна осум голови и 19 асистенции за Атлетик Билбао на 37 настапи.