Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски потпиша со екипата на Џирона а го доби новиот број пред промоцијата во шпанскиот тим од елитното друштво.
Извонредниот напаѓач кој дојде од екипата на шкотски Абердин доби голема чест и ќе ја носи „десетката“. Во големите екипи, овој број треба посебно да се заслужи, а во Џирона во Миовски гледаат идеална слика за тоа. Македонецот доаѓа како замена за најдобриот стрелец украинецот Артем Довбик.
Абердин го продаде Миовски за 8 милиони евра, што е клупски рекорд. Промоцијата на Миовски во Џирона е закажана за во вторник.