Селекцијата на Србија на неодамна завршените Олимписки игри во Париз, дојде до бронзениот медал во кошарка, најмногу благодарение поради фантастичните игри на извонредниот Никола Јокиќ, тројниот МВП во последните четири години во НБА-лигата.
Но и покрај фактот што подолг период доминира на индивидуален план во најсилната лига на светот, Србинот беше понижен од луѓето кои го предводат ова натпреварување. Јокиќ, неочекувано, не се најде на плакатот со кој е најавен распоредот за следната сезона, иако тој официјално е најдобриот играч во ова натпреварување.
Ова предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а НБА не се поправи ниту неколку дена подоцна. На најавниот плакат, се гледа дека Лука Дончиќ е во преден план, а заедно со него се Џоел Ембид, Леброн Џејмс, Бренсон, Дурант, Кари и Тејтум.