Кошаркарите на Уникс Казан ја остварија 10-та победа во ВТБ-лигата, откако вечерва беа подобри со 94-86 против Самара, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна 13 поени, три асистенции и два скока.
Самара ја доби првата четвртина со 23-19 и покажа дека нема да биде лесен противник, а водството го одржуваше до полувреме на кое замина со предност од еден поен (46-45), по што Димитријевиќ и неговите соиграчи мораа да се потрудат во вториот дел за да направат пресврт (55-53).
Водството на Уникс набрзо исчезна поради тројка на Самара, која во последните 10 минути влезе со водство од 70-68, но сепак домашните кошаркари одиграа одлично во финишот од средбата за целосно да го размонтираат ривалот и да запишат триумф од 94-86.
Најефикасен во екипата на Уникс беше Џејлен Рејнолдс со 17 поени, додека 16 поени на спротивната страна постиган Џејмс Енис.