Кошаркарите на Партизан, Урош Трифуновиќ и Раде Загорац по натпреварот сакаа да му се извинат на тренерот на Звезда, Дејан Радоњиќ за инцидентот на натпреварот.
Тоа го направија по инструкции на Жељко Обрадовиќ, пред се поради недоличното однесување на Трифуновиќ при убедливото водство на црно-белите.
Во финишот на мечот дојде до тензија и исклучување за Урош Трифуновиќ, кој сосема непотребно се исфрли од игра во ситуација кога играше одлично.
По одличната тројка пред клупата на Звезда, тој се сврте и дофрли нешто кон гостите, кои веднаш реагираа предводени од Дејан Радоњиќ, а судиите го испратија младиот кошаркар на Партизан директно во соблекувалната.
После тоа, темпото падна, почна популарното „garbage time“, Партизан ја префрли „стотката“ и мечот со многу помирен тон беше приведен до крај.
Меѓутоа, кога дуото од Партизан сакаше да се извини по натпреварот, тоа не се случи, барем не на почетокот пред камерите.
„Дејо, Дејо, само секунда“, рекоа двајцата, по што Радоњиќ кратко им одговори:
„После конференцијата.
Решавачкиот натпревар од финалната серија на АБА лигата се игра во понеделник од 20 часот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=63&v=Jd4iNfl_MoM&feature=emb_logo