Ова е шеста светска титула за Србија на вкупно осумте досега одржани Светски првенства. Селекцијата на Србија, овој пат ја претставуваа Дејан Мајсторовиќ, Марко Бранковиќ, Михајло Васиќ и Страхиња Стојачиќ.
По победата во финалето, тие дојдоа со неверојатен пресврт во финишот. САД имаше предност од 19:15 и му беше потребен само уште еден поен, но Србија направи серија од 6:0 и ја одбрани титулата.
Трагичар во финалето е поранешниот професионален кошаркар, Џимер Фредет кој два пати шутираше за победа и промаши, а во вториот обид, топката речиси „се шеташе“ на обрачот, но не влезе.
Во женска конкуренција, титулата ја освои САД која во финалето го победи сега веќе поранешниот светски шампион Франција со 16:12.