Шампионот на АБА лигата, белградски Партизан драстично ги намали шансите за пласман во плеј-инот на Евролигата. Екипата на Жељко Обрадовиќ не можеше да парира како во Милано минатата недела и убедливо загуби од една од екипите во најдобра форма пролетва, Барселона на Рожер Гримау.

 

Барселона убедливо го совлада Партизан со 94-76 и го задржа второто место на евролигашката табела, додека на црно-белите им претстои жестока битка за пласман меѓу десетте најдобри и учество во плејофот. „Црно-белите“, благодарение на Алекса Аврамовиќ кој постигна 27 поени, се држеа три четвртини, но во последната постигнаа само осум поени и претрпеа убедлив пораз. Аргентинецот Лапровитола ја предводеше Барселона со 17 поени.

Басконија на Душко Ивановиќ запиша значајна домашна победа против Олимпија Милано на Еторе Месина со 88-73, а Монако на Саша Обрадовиќ славеше на теренот на „фенерџијата“ Алба во Берлин со 82-90.