Во Конференциската лига ќе има четвртфинална пресметка меѓу Олимпијакос и Фенербахче. „Лудите“ фанови на двете екипи ќе водат војна на трибините на двата меѓусебни дуели.

Англискиот премиерлигаш Астон Вила за противник го доби Лил, а Фиорентина ќе се сретне со Виторија Плзен.

Последниот четвртфинален двобој е меѓу Клуб Бриж и ПАОК.

КЛ, четвртфинале

Клуб Бриж – ПАОК
Олимпијакос – Фенербахче
Астон Вила – Лил
Плзен – Фиорентина

КЛ, полуфинале

Астон Вила/Лил – Олимпијакос/Фенербахче
Виторија Плзен/Фиорентина – Клуб Бриж/ПАОК

Првите натпревари од четвртфиналето на Конференциската лига се закажани за 11 април, додека реваншите се закажани за 18 април.

Во полуфиналето, првите натпревари ќе се играат на 2 мај, а реваншите седум дена подоцна.