Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа без поголеми проблеми против Русинката Ксенија Зајцева, триумфира со 2-0 во сетови и само четири загубени гејма и се пласира во полуфинале на турнирот во Ларнака, Кипар.
Зајцева беше во одлична форма, во осминафиналето ја совлада првата носителка, а претходно освои и турнир, но Ѓорческа немаше многу респект за противникот па без поголема мака дојде до лесна победа.
Македонската тенисерка ги доби двата сета со 6-2 и 6-2 и избори полуфинале на Ларнака.
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против италијанската тенисерка Нуриа Бранкачо. Италијанката е на 240 место на ВТА листата, што е само за едно подобро од актуелната позиција на Лина.