Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на М15 турнирот во Монастир, Тунис.
Младиот 18-годишен талент денеска во четвртфиналето го совлада Бугаринот Николај Неделчев во три сета со 6-3, 3-6 и 6-3. Претходно Ивановски беше подобар од Едуард Вилослада во 2.коло, а на премиерата го победи Метју Делаведова.
Во полуфиналето нашиот тенисер ќе се соочи со Сирил Вандермерш од Холандија, кој е втор носител на турнирот.