Габонецот ги прифатил личните услови што му ги нуди премиерлигашот, кој не сака да плати повеќе од 17 милиони евра за трансферот. Каталонците бараат многу повеќе, односно околу 30 милиони евра за фудбалерот, кој во јануари пристигна на „Камп Ноу“ од Арсенал и тоа како слободен агент.
Челси не сака да плаќа висока сума за Обамејанг, но шпанскиот тим мора да инкасира средства од продажба на фудбалери за да може да го регистрира Жил Кунде во Ла Лига.