Интер и официјално работи на формула која би донела враќање на Ромелу Лукаку.
Корпулентниот Белгиец уште еднаш ќе го напушти Челзи. „Сините“ минатото лето му платија 100 милиони фунти, а ова лето очигледно ќе го пуштат на позајмица во Интер.
Тухел веќе размислува за други решенија, се наведува дека Германецот будно ги следи ситуациите околу Стерлинг, Хесус, Дембеле, но и Нкунку.
Од друга страна, Интер завршува други работи. Италијанските медиуми пишуваат дека е постигнат договор со Емполи – Кристијан Аслани е новиот „нераѕуро“.
20-годишниот Албанец „изникна“ во Емполи, за кој минатата сезона забележа 23 натпревари во Серија А.
Дефанзивниот играч за врска доаѓа на „Меаца“ како дел од позајмица вредна 4 милиони евра, а Интер ќе има опција за откуп, кој ќе стане задолжителен доколку се исполнат одредени услови. Целосниот откуп изнесува околу десет милиони евра плус бонуси со договор со играчот кој ќе трае до 2027 година.