Дибиров во интервју за „Балкан-Хендбол“ вели дека со освојувањето на двојната круна станало сè полесно, по што решил да остане во македонскиот првак.
„Јас и клубот сакавме да го продолжиме договорот. Никогаш не се ставав над Вардар, ниту амбициите, ниту мислењето. Сите мои пријатели и соиграчи знаат дека сакав да останам, но имаше некои проблеми кои мораше да се решат. Јас сакав клубот да си ги реши проблемите и да продолжи да се развива. Сакав да ги видам амбициите на клубот и каква ќе биде ситуацијата. Сè стана полесно откако ја освоивме двојната круна. Ако не играте во Лигата на шампиони, тешко е да ангажирате добри ракометари, но среќен сум во Вардар, тоа е мојот дом“, кажа Дибиров.
Русинот зборуваше и за големото ривалство кое го имаат со Пелистер, кој оваа сезона беше блиску до титулата, но сепак остана со празни раце.
„Битката за титулата е одлична во македонскиот ракомет. Пелистер е многу добра екипа, а да гостуваш во Битола со еден бод помалку е навистина пеколно затоа што тие имаат неверојатни навивачи. Сепак, големите тимови покажуваат зошто се на тронот“, вели Русинот.