ППД Загреб е првиот полуфиналист на годинашниот Ф4 турнир во СЕХА лигата кој се игра во Задар. Хрватскиот тим го победи Мешков Брест по подобро изведување на седмерците а клучниот гол беше дело на екс- вардарецот Иван Чупиќ.

Ете така, ППД Загреб, откако на Вардар не му беше дозволено да игра, влезе на “мала врата“ на овој Ф4 и сега е во финале. Овој резултат е по малку и изненадувачки, зошто тимот од Мешков Брест важеше за фаворит.

Крајниот резултат е 38-37 за ППД Загреб. Првото полувреме Мешков го доби со 16-15. Во вториот дел “плинарите“имаа и водство од 26-22, но сепак на крајот резултатот беше 32-32, па мораше да се оди на пенали, односно на изведување на удари од седум метри како би се добил финалистот.

И тука вистинска драма, имено требаше да се изведат дури седум серии за да Чупиќ конечно му донесе триумф на својот тим.

ВИДЕО