Хрватските ракометари ќе играат против Финска во квалификациите за Светското првенство. Хрватска требаше да го очекува подобриот од дуелот меѓу Финска и Украина, но Украинците се откажаа поради војната во земјата .
Канцеларијата на Европската ракометна федерација соопшти дека ракометната репрезентација на Украина се откажала од квалификациските натпревари за Светското првенство во 2023 година што требаше да ги одигра против Финска на 16 Март и реваншот на 20 март, поради неможност за подготовка и патување.
Така, двата натпревари беа регистрирани 10:0 за финската репрезентација, која мина без борба, во второто коло од квалификациите. Со други зборови, тоа значи дека оваа репрезентација ќе и биде ривал на Хрватска во борбата за Светското првенство, што заеднички го организираат Полска и Шведска во јануари 2023 година.
Официјалните термини за вториот круг од квалификациите се 13/13 и 16/17 април 2022 година. Хрватска е домаќин на реваншот, а веќе е познато дека против Финска ќе се игра во Вараждин, в сабота на 16 април од 18 часот.