Ракометарите на Вардар со четири гола предност ќе игра кај ППД Загреб, во четвртфиналето на СЕХА лигата. Сите играчи од таборот на Загреб се едногласни дека не заслужија пораз од 4 гола и дека истиот може да го надополнат. Со истото се согласува и искусниот Жељко Муса.
“Не го заслуживме овој пораз од четири разлика и мислам дека со нашите грешки му дадовме на противникот толку разлика пред враќањето. Се подготвивме доста добро и видовме каде ги направивме грешките и што можеме и мораме да корегираме. Одбраната беше одлична, иако сигурно има уште простор за подобрување. Дефинитивно треба подобро да ја одиграме фазата на напад и да бидеме похрабри. Ова е достижна разлика и овој тим може да го надополни”. – изјави Муса.