Вардар го победи тимот на Еурофарм Пелистер и се реваншираше за ланскиот пораз на Струшкиот турнир, како и за поразот во Супер купот на Македонија пред некој ден откако денеска дојдоа до триумф од 33:32 а победникот мораше да се реши по продолженија бидејќи во регуларните 60 минути резултатот беше нерешен 28:28.
Целиот натпревар беше тврд и неизвесен почнувајќи од почетокот па се до самиот крај. На полувреме Врадар замина со еден гол предност и резултат од 15:14.
Во второто полувреме се играше гол за гол и ниедна од двете екипи не успеа резултатски да се одлепи.
Тимур Дибиров МВП на турнирот одигра одличен натпреват и постигна десет погодоци, од кои последниот од пенал и за 13тата тутула на Вардар на Струшкиот турнир.