Репрезентацијата на Македониај и официјално ќе биде засилена за Никола Митревски за натпреварот со Црна Гора на Европското првенство.
Првиот голман на македонската репрезентација го пропушти првиот дуел со Словенија, но експресно се опорави од коронавирусот и сега се стави на располагање на Лазаров. Со објавувањето на составите ЕХФ потврди дека Митревски има право за настап.
Сега останува на Лазаров да одлучи кој ќе го започне натпреварот дали одличниот Мартин Томовски кој блескаше против Словенија со 14 одбрани или стандардниот Митревски.