Спортинг Лисабон е нов освојувач на Купот на Португалија, откако во финалето го совлада Порто на нашиот Никола Митревски со 36:35. Мечот беше маратонски, се одиграа дури четири продолженија од по пет минути, за да се добие новиот освојувач на куп-техарот.
Порто не успеа да ги обедини сите три трофеи на домашната сцена, откако загуби во оваа ракометна драма. Мечот кој траеше неверојатни 80 минути, заврши со интервенција на македонскиот голман, но таа немаше значење бидејќи тоа беше последниот напад на мечот кој Спортинг го доби со еден гол разлика.