Манчестер Сити го донесе еден од најдобрите светски напаѓачи Ерлинг Халанд. Одличниот Норвежанец и официјално ќе стане играч на Манчестер Сити откако потпиша петгодишен договор .
Норвежанецот Ерлинг Халанд од следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. Сити уште во мај потврди дека постигнал договор со Борусија Дортмунд, а сега потврди и дека е постигнат конечен договор со играчот.
„Ова е горд ден за мене и моето семејство. Секогаш го следев Сити, навистина ми се допаѓа неговиот стил на игра, тие создаваат многу шанси и тоа е добра работа за играч како мене. Во екипата има многу играчи од светска класа,а Пеп е еден од најдобрите тренери па верувам дека сум на вистинското место каде можам да ги исполнам моите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како играч“, изјави Халанд.
https://twitter.com/ManCity/status/1536271702921039873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1536271702921039873%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F564232%2Fnogomet-engleska%2Fmanchester-city-napokon-potvrdio-dolazak-stroja-za-golove-erlinga-haalanda%2F
Халанд постигна неверојатни 86 гола на 89 настапи во Борусија Дортмунд во две и пол сезони. Тој се сретнал со луѓе од Сити пред две недели кога тргнал во потрага по куќа во областа Манчестер.
Пеп Гвардиола минатата сезона споменуваше дека му недостига вистински класичен напаѓач за да направи се да биде идеално и сега го доби, тешко дека можеше да избере подобар.