Пари Сен Жермен ја одбрани шампионската титула во Франција откако играше реми на гости кај Стразбур (1-1). Освоениот бод беше доволно за „светците“ на коло пред крајот да станат недостижни за второпласираниот Ленс, кој има четири бода помалку.
ПСЖ по 11. пат го освои францускиот шампионат, па „светците“ сега се најтрофејниот клуб во земјата, пред Сент Етјен (десет титули), Олимпик Марсеј (девет), Монако и Нант (по осум)…
Лео Меси во 59.минута го постигна погодокот за ПСЖ, а израмни Кевин Гамеиро во 79.минута од мечот.
Ланс со победата со 3-0 против Ајачио обезбедена во првото полувреме го завери директниот пласман во Лигата на шампионите. Монако со поразот од Рен излезе од зона за излез во Европа после претпоследното 37. коло во француската Лига 1.
Мачадо, Томасон и Опенда дадоа голови во период од 16-та до 35-та минута за убедлива предност на Ланс против Ајачио и на крај триумфира со 3-0 со што го потврди вицешампионското место, па убедливата предност и фактот дека нема да може да стигнат го опушти Олимпик Марсеј, кој загуби дома со 1-2 од Брест и со третата позиција оди во квалификациите за пласман во мултимилионската елита.
До пред повеќе од еден месец, Монако беше во трка и за место во ЛШ, но после поразот со 0-2 кај Рен, „кнезовите“ излегоа и од зона за Европа, па Лил со победата со 2-1 против Нант сега е четврти со 66 бода за позиција за Лига Европа, а Рен е на петтото место за позиција за Конференциска лига со 65 бода, додека Монако остана на 65 бода ама сега со послаб меѓусебен скор. Лион со триумфот со 3-0 против Ремс сега има 62 бода и теоретски може да го стигне Рен за излез во Европа.
На дното, пак, Оксер после бодот со ремито 1-1 кај Тулуз направи чекор поблизу до опстанокот, а Нант со поразот кај Лил е на чекор до испаѓање. Нант остана на 33 бода, сега два зад Оксер во директната борба за спас. Троа, Ајачио и Анже веќе од поодамна се испаднати.
Последното коло се игра во сабота кое ќе ги разреши сите дилеми, а Нант има лесна задача дома со последниот Анже и му треба победа, додека Оксер игра дома против Ланс, кој со заверката на директното место во ЛШ сега нема никаков реузлтатски императив.