Лондонскиот гигант Арсенал оствари голема победа против вечниот ривал Ливерпул со 3-1 на „Емирати“ во 23. коло од Премиерлига и се врати во трката за титулата.
Букајо Сака во 14. минута го матира Алисон за водство од 1-0, а Ливерпул до израмнување стигна дури во судиското надополнување на првиот дел со автоголот на Габриел.
<
Габриел Мартинели во 67. минута искористи едно недоразбирање меѓу Вирџил Ван Дајк и голманот Алисон кој ја промаши топката и му дозволи на ривалот да ја затресе неговата мрежа (2-1).
Победата на „топчиите“ ја запечати Леандро Тросар во 92 мин. по еден брз продор по левата страна, кој го матира Алисон за славење на Арсенал и победа од 3-1. Претходно беше исклучен дефанзивецот на Ливерпул Ибрахим Конате.
Лидерот на Премиер лига, Ливерпул остана прв со 51 бод, по што следи Арсенал со 49, а Манчестер сити има 46, но и два меча помалку одиграно од конкурентите за титулата.