Екипата на РБ Лајпциг ја прекина лошата серија од три последователни порази и конечно оствари победа, на домашен терен со 2-0 го совлада Унион Берлин. Тоа е прв триумф за Лајпциг откако во овој тим трансфер направи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
На овој дуел, Елмас доби шанса околу петнаесетина минути во финишот од натпреварот.
Лоис Опенда во 11.минута го отвори резултатот, а словенецот Бењамин Шешко го потврди триумфот во 48.минута. Унион Берлин во 73.минута остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кристофер Тримел.
Лајпциг е петтопласиран со 36 бода, додека Унион Берлин има 17 бодови и останува на петнаесеттата бундеслигашка позиција.
Шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо, прикажа луцидна игра и вистинска фудбалска магија на натпреварот на неговиот РБ Лајпциг против Унион Берлин.
Олмо со „рабона“ на маестрален начин му асистираше на Бенџамин Шешко, кој немаше проблеми со глава да ја смести топката во мрежата.
Неколку моменти подоцна голот за жал беше поништен од судиите поради офсајд-ситуација, но оваа асистенција сигурно би била асистенција на сезоната.