Рома триумфираше над Удинезе на „Олимпико“ со 3-0 и се зацврсти на третата позиција на табелата во Калчо лигата со 56 бода. Во тимот на Удинезе во финишот настапи и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Едоардо Бове донесе водство за „волчицата“ откако Брајан Кристанте не искористи пенал. Вториот гол беше дело на Лоренцо Пелегрини, а во завршницата погоди и Тами Абрахам.
Во 55.минута пенал за Удинезе не искористи Роберто Переира.