Барселона одлично го отвори мечот и имаше водство од 13-7, но потоа „кралевите“ ја презедоа контролата и со серија од 17-4 стигнаа до пресврт (17-24). Реал го чуваше водството и во втората четвртина, но Барселона се разигра и со пресврт на паузата замина со 47-46.

Каталонскиот гигант доминираше на паркетот во второто полувреме, а Реал успеа за момент да се врати во живот и намали на 74-78, но немаше сила за нов пресврт.

Никола Миротиќ со 17 поени беше најдобар кај Барселона, додека Џанан Муса постигна 20 поени за Реал.