Атлетико Мадрид вечерва славеше со 2-1 против Алмерија и така ја продолжи победничката серија во шпанската Ла Лига.
Главна ѕвезда на натпреварот беше Антоан Гризман, кој донесе водство за Атлетико во петтата минута, по што Хименез со автогол ја врати надежта кај гостите.
Гризман со својот втор гол во завршницата на првото полувреме повторно го врати Атлетико во предност и му обезбеди три бода.
Атлетико е трет во Ла Лига со 60 бодови, односно два помалку од Реал Мадрид и 13 помалку од Барселона.