ПСЖ синоќа во 12. коло од шампионатот го победи Лил со 2-1, иако губеше до 74-та минута.
Гостите поведоа во 31. минута, но ПСЖ направи пресврт со голот на Маркињос во 74. минута и Ди Марија во 88. минута. Килијан Мбапе не играше, но сите останати ѕвезди беа на теренот од првата минута, вклучувајќи го и Лионел Меси.
Но, Аргентинецот одигра многу слаби 45 минути по кои Маурисио Покетино го остави во соблекувалната. L’Equipe му даде оценка 3 за неговиот настап иако истакна дека Меси не е целосно подготвен од повредата.
„Го извадивме од претпазливост да не ја обнови повредата затоа што сакаме да биде на располагање за натпреварот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите“, накратко објасни Покетино зошто го оставил Меси во соблекувалната на полувремето.