Реал Мадрид очајно сака да се ослободи од Лука Јовиќ и ќе му го раскине договорот за да може без обештетување да се пресели во Фиорентина.
„Кралевите“ сакаат да заштедат 30 милиони евра на неговата плата, колку што требаше да му исплатат во следните три сезони. Србинот е пред договор со „виолетовите“, каде ќе има значително помала плата и тоа околу 3,5 милиони евра по сезона.
Јовиќ не се прослави во дресот на Реал по трансферот од 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт пред три години.