Лидерот во Лига 1, ПСЖ одигра само нерешено против Ле Авр (3-3) на домашен терен, но и тоа беше доволно за да дојде на чекор до нова шампионска титула во француското првенство.
Всушност, „светците“ веќе можат и да слават бидејќи имаат 12 бода предност пред второпласираниот Монако кој има меч помалку. Дури и ПСЖ да загуби се до крајот, а Монако да победи на преостанатите четири меча, двете екипи би имале ист број бодови, а во таков случај се гледа гол-разликата. Тука ПСЖ е неприкосновен бидејќи има +47, а Монако само +18 што теоретски е невозможно да се стигне.