Фудбалерите на Атлетик Билбао убедливо го совладаа тимот на Еспањол на „Сан Мамеш“ со 4-1 во натпревар од десеттото коло на Примера.

Тимот на Ернесто Валверде брзо се врати на победничките патеки. Блеснаа браќата Ињаки и Нико Вилијамс, им помогна одличниот Алекс Беренгер и Еспањол беше немоќен на гостувањето во Баскија. Ињаки и Нико во неколку наврати ги надмудрија своите чувари, постариот брат погоди двапати, додека помалиот запиша една асистенција. Алекс Беренгер гол постигна во 55. минута, а меѓу стрелците се запиша и Даниел Вивиан, кој го  постигна првиот гол. Во 92. минута почесниот погодок за Еспањол го постигна Техер.

Атлетик Билбао барем за кратко стигна до четвртото место со 17 бода, а Еспањол е четиринаесетти со 10 бода.

  • Алавес – Ваљадолид 2-3:

Во неизвесен дуел на „Мендизороза“ во Виторија, Ваљадолид го совлада Алавес со 2-3, во натпревар со кој беше отворено колото, доцна синоќа,