Гостите поведоа преку Пинок со гол во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме, по контроверзна ситуација во која прво на Де Лихт му беше раскрвавена главата, па додека му се укажуваше помош надвор од теренот противникот погоди од корнер. Тоа го разбесни Ерик Тен Хаг, но тој делумно се смири откако Гарначо изедначи на самиот почеток од второто полувреме. Победата ја обезбеди Хојлунд со гол во 62. минута. Ова беше трет триумф за „ѓаволите“ во осмиот меч сезонава во Премиер лигата.
Феноменален меч се одигра во Саутемптон, каде што домашната екипа брзо поведе со 2-0 со головите на Арчер во осмата и на Арибо во 28. минута. Но, во второто полувреме Лестер направи голем пресврт. Прво преку Буананоте во 65. минута намали на 1-2, а Варди во 73. минута изедначи од пенал во ситуација во која Фрејсер доби црвен картон и го остави домаќинот со играч помалку. Тоа го казни Аје со победнички гол за Лестер во осмата минута од судиското надополнување.
Брајтон забележа победа од 0-1 на гостувањето против Њукасл, благодарение на голот на Дани Велбек во 35. минута.
Астон Вила исто така оствари гостинска победа од 1-3 против Фулам, со головите на Роџерс и Воткинс, а Диоп си постигна автогол.
Евертон како гостин го совлада Ипсвич (2-0).