Македонскиот фудбалски интернационалeц Љупче Дориев имашe значаен удел во денешната победа на Согдиана во првенството на Узбекистан.
Брзоногиот Дориев пак имаше клучно додавање за драматичен триумф на Согдиана над Насаф Карши. Гостите триумфираа со 1-0 со голот постигнат во 91 минута кога нашиот фудбалер испрати совршена топка до Андреев кој ја смести во мрежата на домашниот голман.
Љупче Дориев има постигнато 11 гола и 6 асистенции, Согдиана е на третатата позиција со 40 бодови.